СЕ БАРА ПРИТВОР ЗА ДИЛЕР НА КОКАИН ОД ШТИП Кај него пронајдени 17 грама спакувана дрога

На 18 јануари осомничениот на друго лице му продал половина грам кокаин за 2.500 денари. На 1 февруари бил извршен претрес во деловен објект каде престојувал осомничениот и полицијата таму пронашла 17 ќесички со кокаин со вкупна количина од 17 грама, соопшти Јвното обвинителство.

202

Се бара притвор за дилер на дрога во Штип, кај кого биле пронајдена кокаин спакуван во количина од по 1 грам.

„Основното јавно обвинителство Штип донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, од член 215 став 1 од Кривичниот законик. На 18 јануари осомничениот на друго лице му продал половина грам кокаин за 2.500 денари. На 1 февруари бил извршен претрес во деловен објект каде престојувал осомничениот и полицијата таму пронашла 17 ќесички со кокаин со вкупна количина од 17 грама. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Штип достави предлог за определување мерка притвор, бидејќи оцени дека се исполнети законските основи“, соопшти Јавното обвинителство.

Поврзани содржини