СДСМ УПОРНО ЈА КРИТИКУВА ИДЕЈАТА ЗА ДАТА ЦЕНТРИ ВО МАКЕДОНИЈА Кога ќе дојдат на власт, ќе ни го дотераат умот!
Опозициската партија инсистира на тезите дека Македонија нема ни струја ни вода за изградба на дата центри и дека овие проекти се еколошки опасни.
СДСМ ја засили кампањата против изградбата на големи странски дата-центри во Македонија, обвинувајќи ја Владата дека преговара со пет-шест инвеститори без да ги објави нивните имиња, договорените услови и обврските што би ги презела државата. Лидерот на партијата, Венко Филипче, тврди дека проектите се договараат „под радарот“, без јавна расправа и без студии за нивното влијание врз енергетскиот и водниот систем.
Најголемите забелешки на опозицијата се однесуваат на огромната потрошувачка на електрична енергија и вода потребна за работа и ладење на серверите. СДСМ предупредува дека голем дата-центар може дневно да троши од еден до три милиони литри вода и бара мораториум за странските комерцијални центри што користат водени системи за ладење, сè додека не се утврди дали домашната инфраструктура може да го издржи нивното работење.
ВМРО-ДПМНЕ возврати дека опозицијата создава неоправдана паника и дека дата-центрите претставуваат можност за инвестиции, технолошки развој и нови работни места.