СДСМ ГО ПАРТИЗИРАШЕ СУДСТВОТО, ИМЕНУВАШЕ СВОИ ЧЛЕНОВИ ЗА УСТАВНИ СУДИИ Гоце Наумовски не е партиски член, туку е угледен професор

Гоце Наумовски не е член на партија, туку угледен професор. За разлика од последните два предлози на СДСМ кои беа целосно партиски решенија, како Ана Павлова Данева, поранешен потпретседател на СДСМ и Јадранка Дабовиќ, носител на СДСМ за Град Скопје на локалните избори во 2005 година, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

373

СДСМ го партизираше судството со предлозите за уставни судии како Ана Павлова Данева, партиски потпретседател и Јадранка Дабовиќ, носител на листа на СДСМ за Град Скопје, реагира ВМРО-ДПМНЕ.

„Краток одговор за нападот на Гоце Наумовски од СДСМ. Гоце Наумовски не е член на партија, туку угледен професор. За разлика од последните два предлози на СДСМ кои беа целосно партиски решенија, како Ана Павлова Данева, поранешен потпретседател на СДСМ и Јадранка Дабовиќ, носител на СДСМ за Град Скопје на локалните избори во 2005 година. А судијката Даниела Алексовска Стојановска, во семејната куќа во Ранковце, смести општински штаб на СДСМ“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.






Оттука, се додава, јасно е кој направи тотална партизираност и контрола на судството – тоа се токму СДСМ, кои судиите и обвинителите ги бираше во штабот на Бихаќка.

„И наместо да одговори која е поврзаноста на Венко Филипче и на Зоран Заев со нелегалното производство и трговија со марихуана, СДСМ талка од тема на тема. Во овој контекст, за да дефокусираат од вмешаноста на Филипче и кланот Заеви во наркобизнисот, а зад параванот медицински канабис, е и нападот на СДСМ на Наумовски“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ го нападна предлогот професорот на Правен факултет Гоце Наумовски да биде нов уставен судија како партиско решение, затоа што тој надворешен советник на премиерот Христијан Мицкоски за правни работи.

Поврзани содржини