САРАМАКОВ ТРЕБАЛО ДА ЗЕМЕ 50.000 ЕВРА Обезбедувачот на премиерот падна поради продавање државни тајни

Според Обвинителството за организиран криминал и корупција, осомничениот, кој бил самостоен инспектор во Единицата за лично обезбедување на премиерот, на 30 март се сретнал со сведок во Велес и му покажал службени документи од МВР.

2,101

Членот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски, Ангел Сарамаков требало да добие 50.000 евра за да открие доверливи документи, но наместо тоа, заврши во притвор. Обвинителството соопшти дека тој е осомничен за „оддавање службена тајна“, за што му е одреден 30-дневен притвор.

Според Обвинителството за организиран криминал и корупција, осомничениот, кој бил самостоен инспектор во Единицата за лично обезбедување на премиерот, на 30 март се сретнал со сведок во Велес и му покажал службени документи од МВР. Обвинителството истакнува дека Сарамаков му дозволил на сведокот да ги снима документите, објаснувајќи му нивната содржина, а неговата цел била да заработи 50.000 евра.






„Ценејќи ги околностите, јавниот обвинител утврди дека се исполнети условите, па на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на осомничениот да му определи мерка притвор во траење од 30 дена, кој предлог беше прифатен од судот“, соопштија од Обвинителството.

За кривичното дело „оддавање службена тајна“, според член 360 од Кривичниот законик, предвидена е затворска казна од една до 20 години.

Обвинителството нагласи дека случајот не е поврзан со групата од Грчец, како што пренесоа дел од медиумите.

ОБЕЗБЕДУВАЧОТ НА МИЦКОСКИ ЗАВРШИ ВО ШУТКА На Сарамаков му е одреден 30-дневен притвор

Поврзани содржини