РУСИЈА ЗАБРАНИ ИЗВОЗ НА АВИОНСКО ГОРИВО Мерката треба да обезбеди резерви за домашниот пазар

Според руската влада, од мерката се исклучуваат пратките кои веќе биле во царинска постапка пред да стапи во сила забраната и испораките кои се извршуваат врз основа на меѓудржавни договори.

0

Русија забрани извоз на авионско гориво до крајот на ноември со цел, да обезбеди доволно резерви за домашниот пазар, соопшти руската влада.

Забраната важи и за авионското гориво купено преку стокови берзи и ќе биде во сила до 30 ноември.






Според руската влада, од мерката се исклучуваат пратките кои веќе биле во царинска постапка пред да стапи во сила забраната и испораките кои се извршуваат врз основа на меѓудржавни договори.

Одлуката доаѓа во време кога енергетските пазари се под зголемен притисок поради нестабилноста на Блискиот Исток и нарушувањата во глобалните синџири на снабдување.

Русија направи сличен потег во април, кога го забрани извозот на бензин до домашни производители до 31 јули.

Поврзани содржини