Ѕвездата на португалската репрезентација и на Јувентус, Кристијано Роналдо се наоѓа во самоизолација и се опоравува од коронавирусот, а денеска на јавноста и го претстави својот нов имиџ и поприлично ги шокира сите.
Иако во минатото беше познат по бројните интересни фризури, Португалецот сега одлучи да се ишиша на нула и со тоа се пофали на Инстаграм со јака порака.
– Успехот во животот не се мери со тоа што ќе го постигнете, туку по пречките кои ќе ги совладата, порача Роналдо во снимка од тренинг.