🎥 РИБАКИНА СИ ЗАМИНУВА ОД ШТУТГАРТ СО ПОРШЕ И СО 160.000 ВО ЏЕБ Ја победи Каролина Мучова во финалето

За наградата, втората светска тенисерка светот доби 160.000 евра и жолт спортски кабриолет „порше 911 карера“, што вреди приближно колку и наградниот фонд.

93

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина ја освои титулата на ВТА турнирот во Штутгарт, откако денеска во финалето ја победи Каролина Мучова (ВТА-12) од Чешка со 7-5, 6-1.

За наградата, втората светска тенисерка светот доби 160.000 евра и жолт спортски кабриолет „порше 911 карера“, што вреди приближно колку и наградниот фонд.

За Рибакина, која годинава победи на Австралија Опен, ова е втора титула во Штутгарт по 2024 година и 13 во кариерата во која играше во 24 финалиња.

Мучова оваа недела победи две тенисерки од Топ 10 во светот, Американката Коко Гоф и Украинката Елина Свитолина, и ќе биде 11 на новата ВТА ранг-листа од понеделник.

Поврзани содржини