РЕКОРДНА НАПЛАТА НА ЦАРИНСКИТЕ ДАВАЧКИ ВО ЈУНИ Николоски вели дека скокнала за 20 милиони евра во однос на ланскиот јуни

Директорот на царината рече дека во првите 6 месеци оваа година, споредено со истиот период лани, се наплатени речиси 50 милиони евра повеќе од лани.

1

Во јуни е постигнат нов рекорд во наплатата на месечните царински давачки кога е остварена наплата повисока од 20 милиони евра од наплатеното лани, изјави директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на прес-конференцијата за отчетот на министерката за финансии Гордана Димитриеска -Кочоска.

Според него, одлична е наплатата и во периодот јануари – јуни.






-Во јуни поставиме нов рекорд од постоењето на Царинската управа во однос на наплатата на царинските давачки. Поранешниот рекорд на едномесечна наплата на царински давачки беше 12,4 милијарди денари, а сега, во јуни, заклучно со вчера, изнесува 12,8 милијарди денари со што постигнавме нова рекордна наплата на вкупни царински давачки месечно. И кумулативно одлично напредуваме. Во првите 6 месеци оваа година, споредено со истиот период лани, имаме скоро 50 милиони евра поголема наплата, што значи дека сме на вистински пат. Само во јуни, во споредба со јуни 2025-та, наплатата е за нешто над 20 милиони евра повеќе – рече Николоски кој присуствуваше на прес-конференцијата за отчет на министерката за финансии.

 

Поврзани содржини