РАСТОТ НА ПЛАТИТЕ Е ЗА 3 ДО 4 ПАТИ ПОВИСОК ОД ВРЕМЕТО НА СДСМ Мицкоски очекува и годинава платите да продолжат да растат како во 2024 и во 2025 година

Премиерот забележа дека ова не е доволно и треба повеќе да се работи, но, како што рече, треба да се имаат предвид и обврските што ги имаат наследено од претходната влада на СДСМ и ДУИ, а кои до крајот на годината се речиси една милијарда евра. 

116

Премиерот Христијан Мицкоски очекува и во тековната година реалната нето-плата да забележи раст и, како што рече, резултатите се 3-4 пати подобри од оние на владеењето на СДСМ која сега критикува.

Тој рече дека споредбите треба да се прават врз основа на конкретни економски показатели, а не, како што рече, „по чувство“.






– Ако се спореди тоа што го испорачува претходната влада на СДСМ и Демократската унија за интеграција, каде што реалната нето-плата беше негативна, односно минус 2. Денес, во 2024 година растот на платите беше повеќе од 12%, во 2025 е приближно 6 %. И во 2026 година, јас очекувам дека реалната нето-плата ќе биде во позитива – рече Мицкоски.

Тој забележа дека ова не е доволно и треба повеќе да се работи, но, како што рече, треба да се имаат предвид и обврските што ги имаат наследено од претходната влада на СДСМ и ДУИ, а кои до крајот на годината се речиси една милијарда евра.

– Во овие две години Влада, успеавме да сервисираме и да обезбедиме ликвидност за обврските што ги остави претходната влада од 4,6 милијарди евра. Тоа се навистина предизвикувачки бројки. Но, со домаќинска работа успеавме сето тоа да го сервисираме и така очекувам да продолжиме и во периодот што следува. Такви ќе бидат и 2027 и 2028 година. Секоја година имаме по една еврообврзница за враќање, камати што се трипати поголеми од оние пред 10 години – вели Мицкоски.

Тој додаде дека резултатите се неспоредливи, односно разликата е три, четири, петпати во одредени области во споредба со перформансите на претходната влада.

Поврзани содржини