ПУТИН СЛАБЕЕ, ТОКМУ ЗАТОА БЕГАЈТЕ ВО БУНКЕРИ! Зеленски ги подготвува Украинците за најлошото

Шефот на Украина тврди дека рускиот претседател слабее политички, воено и физички, па затоа би можел да прибегне кон уште пожестоки удари.

347

Украинците треба да бидат подготвени за нов бран руски напади со ракети и со дронови, предупреди претседателот на Украина, Володимир Зеленски.

Тој во разговор со новинарите изјави дека претседателот на Украина Владимир Путин слабее на повеќе полиња и дека токму затоа постои опасност Кремљ да ги засили нападите врз украинските градови.






– Путин слабее. Тој е политички слаб, слаб на бојното поле и физички. Затоа би можел да ги засили нападите врз нас, врз нашиот народ, со ракети и со беспилотни летала. Користете засолништа. Ве молам, навистина ве молам – рече Зеленски.

Тој говореше по состанокот на Контакт-групата за одбрана на Украина, позната како Рамштајн формат.

Според Зеленски, преку програмата PURL девет земји веќе потврдиле учество во набавка на ракети „Патриот“ во вредност од повеќе од една милијарда долари.

Европа да не попушта пред Москва

Зеленски изјави дека Европската Унија треба дополнително да го зголеми притисокот врз Русија.

Според него, западните сојузници сè повеќе сфаќаат дека Путин нема намера да ја запре војната и дека неговите изјави за мир не одговараат на реалноста.

– Партнерите разбираат дека Путин не сака да запре и дека сите негови приказни за мир се лаги – рече Зеленски.

Киев и натаму нуди преговори

И покрај острите критики кон Кремљ, украинскиот претседател порача дека Киев останува подготвен за преговори доколку тие водат кон траен мир.

– Путин сака сè да гори тука и дејствува неодговорно. Нашите партнери го гледаат ова. И покрај тоа, Украина е подготвена да преговара со него – изјави Зеленски.

Тој ги повика европските држави да останат единствени кога станува збор за санкциите, руските средства и финансиската поддршка за Украина.

– Европа мора да биде целосно вклучена за да имаме силна позиција. Во санкции, без исклучоци. Во конфискација на руски средства, без исклучоци. И во финансирањето на Украина – порача украинскиот претседател.

Поврзани содржини