📽️ ПУТИН И СИ ЏИНПИНГ СЕ СРЕТНАА ВО БИШКЕК Пекинг и Москва ќе потпишат многу важен договор
Рускиот претседател порача дека Москва е подготвена да работи со Пекинг на трајно укинување на визите, додека двајцата лидери се сретнаа на самитот на ШОС во Бишкек.
Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, денеска се сретнаа на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), кој се одржува во Бишкек, главниот град на Киргистан.
Путин истакна дека соработката меѓу Русија и Кина успешно се развива во сите области, пренесува РИА Новости. Рускиот претседател порача и дека Москва е подготвена да соработува со Пекинг безвизниот режим меѓу двете земји да стане траен, доколку кинеската страна смета дека тоа е можно и корисно.
Рускиот лидер денеска пристигна во Киргистан, додека Си Џинпинг во Бишкек пристигна вчера, на 30 август, каде што е во државна посета и учествува на самитот на ШОС.
Во руската делегација се и министерот за надворешни работи Сергеј Лавров, заменик-претседателот на Владата Алексеј Оверчук, заменик-шефот на администрацијата на претседателот Максим Орешкин, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков и помошникот на претседателот Јуриј Ушаков.
Во делегацијата се и министерот за економски развој Максим Решетников, министерот за енергетика Сергеј Цивилев, директорот на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев и генералниот директор на „Росатом“, Алексеј Лихачов.
Russian President Vladimir Putin and Chinese President Xi Jinping held a meeting today in Bishkek. https://t.co/TVdy6ZWU64 pic.twitter.com/50dw06ZkJb
— Open Source Intel (@Osint613) August 31, 2026
Денешната средба во Бишкек е втор директен состанок на Путин и Си Џинпинг годинава. Претходно двајцата лидери се сретнаа во Пекинг, за време на официјалната посета на Путин на Кина.
Самитот на ШОС во Бишкек се одржува на 31 август и 1 септември и е 26-ти состанок на Советот на шефови на држави на членките на организацијата. Оваа година ШОС одбележува 25 години од основањето.
На самитот лидерите разговараат за идниот развој на организацијата, економската и безбедносната соработка, како и за актуелни меѓународни и регионални прашања. Се очекува да биде усвоена и завршна политичка декларација, како и повеќе документи за соработка во различни области.