ПУТИН ГО ПРЕКРШИ ВЕТУВАЊЕТО?! Русија ја нападна украинската железничка енергетска инфраструктура
Утрото на 19 март непријателот со беспилотни летала го нападна железничкиот електроенергетски систем во областа Днепропетровск. Има делови со прекини на електрична енергија, но возовите продолжуваат да сообраќаат според распоредот, соопшти Украинската државна железница.
Руските сили утринава го нападнаа електроенергетскиот систем на украинската државна железничка мрежа во областа Днепропетровск, соопшти Украинската државна железница на Телеграм.
„Утрото на 19 март непријателот со беспилотни летала го нападна железничкиот електроенергетски систем во областа Днепропетровск. Има делови со прекини на електрична енергија, но возовите продолжуваат да сообраќаат според распоредот. За време на санирањето на штетата, непријателот повторно удри. За среќа, нема жртви. Издадена е наредба за испраќање противпожарен воз за гаснење на пожарот на местото. Работиме на обновување на објектот“, се наведува во соопштението.
Пред неколку дена, руските војници ја нападнаа и железничката енергетска инфраструктура на регионите Днепропетровск и Запорожје.
Во вторникот претседателот на Русија, Владимир Путин, и претседателот на САД, Доналд Трамп, имаа телефонски разговор во кој ја нагласија важноста на нормализирањето на билатералните односи меѓу Русија и САД, информираше прес-службата на Кремљ.
„Путин одговорил позитивно на идејата за прекин на нападите врз објектите на енергетската инфраструктура во рок од 30 дена и ѝ дал наредба на руската војска да го спроведе ова“, објави РИА.