ПРОНАЈДЕНО ТЕЛОТО НА ИСЧЕЗНАТИОТ ПОРУГАЛЕЦ НА ЈАДРАНОТ Хрватските спасувачи го бараат четвртиот исчезнат

Двајца португалски државјани од четворицата исчезнати вчера беа пронајдени живи.

1

Утрово е пронајдено телото на еден од исчезнатите Португалци во Хрватска, кој исчезна заедно со уште тројца во среда навечер во Јадранското Море.

Потрагата по четвртиот е сè уште во тек.






Двајца португалски државјани беа пронајдени живи вчера по неколкучасовно пребарување во Велебитскиот Канал, а екипите продолжија интензивно да ги бараат преостанатите двајца од групата од четири члена.

Групата исчезна во среда навечер откако испловија со мал гумен чамец од кампот во близина на Сењ и покрај силната бура и лошото време.

Поврзани содржини