📽️ ТРАМП ЈУНИОР СНИМИ ПОТКАСТ СО ВУЧИЌ Српскиот претседател зборуваше без влакна на јазикот

Трамп Јуниор му се заблагодари на српскиот претседател што гласно кажа дека ако човек се држи до своите принципи никој не може да му наштети. Српскиот лидер му одговори дека секогаш го кажува она што го мисли, без разлика што велат другите.

668

Ако се држите цврсто до вашите убедувања, никој не може да ви наштети, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во интервјуто за поткастот „Triggered“ со Доналд Трамп Јуниор. Синот на американскиот претседател во вторникот го посети Белград. По средбата Трамп Јуниор објави дел од поткастот на својот Инстаграм профил.

Вучиќ во разговорот истакна дека „мирот е од најголема важност за сите“ иако, вели, не знае како точно американскиот претседател ќе придонесе за тоа.






– Но, ако го направи тоа, Господ да го благослови, бидејќи ќе го спаси светот, бидејќи тоа не беше украинско-руска војна, половина свет учествуваше во таа војна – рече Вучиќ.

Одговарајќи на прашањето на Трамп Јуниор за меѓународниот притисок, Вучиќ рече дека „ако се држите цврсто за вашите верувања, никој не може да ви наштети“.

 


– Тоа се моите принципи.

Трамп Јуниор му се заблагодари на Вучиќ што тоа гласно го кажа, а Вучиќ рече дека секогаш го кажува она што го мисли, без разлика што велат другите.

Вучиќ, меѓу другото, рече дека Србија минатата година била втора најбрзо растечка економија во Европа и изрази надеж дека оваа година ќе биде број еден.

Целиот поткаст треба да биде објавен на мрежата „Rumble“ во сопственост на Трамп Јуниор во четврток во 23 часот.

Поврзани содржини