ПРЕТПЛАДНЕ ТОПЛО, ПОПЛАДНЕ НЕВРЕМЕ И ТАКА ДО КРАЈОТ НА НЕДЕЛАТА Силен ветер од север ќе донесе освежување
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и со грмежи, особено во попладневните часови и во текот на ноќта, најави УХМР.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа со услови за појава на краткотрајно невреме со град.
Минималната температура најниско ќе се спуши во Берово, до 12 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со температура до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во делови од котлината ќе има услови за краткотрајно невреме. Температурата ќе се движи од 17 до 35 степени.
Под влијание на серија влажни воздушни бранови до петок времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, наместа со повремени врнежи од дожд и со грмежи, особено во попладневните часови и во текот на ноќта.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, над 15 литри на квадратен метар, електрични празнења, силен ветер, над 60 километри на час и појава на град.
Температурите ќе бидат во опаѓање.
Во деновите од викендот ќе се задржи посвежо време и ќе дува умерен до засилен северен ветер.
