МИЦКОСКИ НЕ ДОПУШТА УСТАВОТ ПОВТОРНО ДА БИДЕ ПОНИЖЕН И ОМАЛОВАЖЕН Бескомпромисно ќе ги штити националните интереси

Ако ги споредиме бројките ќе видиме дека во овој момент економските перформанси во последните две години се многу подобри на Македонија, отколку на некои земји членки на ЕУ, рече премиерот Христијан Мицкоски.

0

Изминативе повеќе од 20 години откако се стекнавме со статусот кандидат, ние направивме толку многу, како ниту една земја којашто станала членка на Европската Унија или којашто пледира да биде дел од ЕУ, во делот на идентитетот, а во делот на суштинските реформи не сакам да дискутирам, бидејќи мислам дека сме многу понапред и од одредени членки на самата Унија, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

– Но, кога станува збор за идентитетските реформи направивме толку многу што за нас, не за мене лично или како Влада, туку генерално како граѓани на државата, би претставувало дополнителна фрустрација и понижување. Доколку не добиеме јасен план дека ова е последно и дека од тој момент па натаму ќе важи принципот на испорака merit-based и нема повеќе да има идентитетски и билатерални барања и нема да има дополнителни препреки на тој пат, односно, ќе се водиме само по Копенхагеншките критериуми, ние сме подготвени да работиме колку што е потребно, за да не придонесеме со дополни фрустрација кај македонските граѓани – рече премиерот Христијан Мицкоски во интервју на Телма во врска со евроинтеграциите на Македонија.






Мицкоски напомена дека програмата која ја застапувал на изборите има добиено мнозинска поддршка и истата ја реализира сè додека ја има поддршката од мнозинството граѓани.

– Сè додека ја извршувам оваа позиција како претседател на Влада на сите граѓани ќе се трудам да ги штитам бескомпромисно македонските национални интереси, бидејќи ценам дека сите граѓани од сите етнички заедници и сите политички определени и неопределени во државата, доволно направија во име на евроинтегративните процеси, во име на идентитетските отстапки и заслужуваат многу повеќе, дури и од некои земји членки, да бидат дел од масата во Брисел. Исто, заслужуваат подобар и пофер третман, дури и од некои земјите членки коишто се на масата во Брисел. И тоа е она коешто јас како заклетва сум го кажал пред граѓаните, дека ќе го штитам и ќе го бранам Уставот. Јас го штитам и го бранам Уставот и со ништо нема да придонесам за тој Устав повторно биде понижен и омаловажен, а без притоа да обезбедам јасна, сигурна и предвидлива иднина на граѓаните – потенцираше Мицкоски.

Тој истакна дека во моментов Македонија бележи подобри резултати од некои земји членки на Унијата.

– Ако ги споредиме бројките ќе видиме дека во овој момент економските перформанси во последните две години се многу подобри на Македонија, отколку на некои земји членки на ЕУ – рече тој.

 

Поврзани содржини