ПОВРЕДЕНИ ТРИ ДЕЦА И ЕДНА ЖЕНА ВО СООБРАЌАЈКА Четири автомобили и камион се судриле на патот Гостивар-Кичево
Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража сообраќајот се одвива отежнато, создадени се долги колони во двата правца.
Во судар на четири автомобили и еден камион, на магистралата Гостивар – Кичево во близина на каменоломите, повредени се четири лица од кои три деца.
Портпаролот Фатмир Реџепи, за МИА потврди дека сообраќајката била пријавена утрово околу 7:40 часот во близина на каменоломот „Прогрес 98“.
– По незгодата три малолетни лица и една жена кои биле во еден автомобилите се пожалиле на здравствени проблеми и биле упатени кон гостиварската болница на пружање медицинска помош – рече Реџепи.
Поради сообраќајната несреќа на патниот правец кон Стража сообраќајот се одвива отежнато, создадени се долги колони во двата правца. Во тек е увид а движењето на возилата кон Кичево и кон Гостивар се врши наизменично по една коловозна лента, што создаде подолги колони автомобили.