ПОВРЕДЕН Е ВОЗАЧОТ НА ВОЗИЛОТО ШТО СЕ ПРЕВРТЕ ВО АЕРОДРОМ Полицијата соопшти детали за сообраќајката
Возилото било управувано од 42-годишната В.Ш. од Скопје. Несреќата се случила кон 18.20 часот на булеварот Јане Сандански во судир меѓу „киата“ и „ауди“ управувано од 33-годишниот Ф.Т., исто така од Скопје.
Повреден е возачот на возилото кое се преврте во сообраќајка близу „Веро“ кај трговскиот центар „Бисер“ во скопски Аеродром, соопшти Министерството за внатрешни работи ги соопшти детали за случајот. Во несреќата со повреди завршиле и патникот и сопатникот на другото возило од несреќата.
Превртеното возило е марка „киа“. Било управувано од 42-годишната В.Ш. од Скопје. Несреќата се случила кон 18.20 часот на булеварот Јане Сандански во судир меѓу „киата“ и „ауди“ управувано од 33-годишниот Ф.Т., исто така од Скопје.
„Во несреќата со повреди се здобиле 42-годишната В.Ш., Ф.Т. и неговата сопатничка М.Т.(34) од Скопје, констатирани во Градската општа болница ‘Св. Наум Охридски“, се вели во полицискиот билтен.
МВР соопшти дека екипа од секторот за внатрешни работи Скопје извршила увид на самото место.