ПОСЛЕ НЕВРЕМЕТО, ВИСТИНСКО ЛЕТО Следуваат топли денови, со попладневни дождови
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.

Најстудено утрото ќе биде во Маврово со минимална температура до 8 степени, а најтопло ќе биде во Гевгелија со максимална дневна температура до 33 степени Целзиусови.
Во Скопје времето ќе сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.
Следува период на релативно топло време. Претпладне ќе биде сончево со променлива облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Во четврток се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд.
