ПОРИПРОГ
Во договор со Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, Плусинфо повремено ќе преобјавува делови од негови колумни објавени во дневниот весник „Дневник“. На тој начин, освен што ќе ги освежиме сеќавањата на овој исклучителен интелектуалец, сакаме да придонесеме и за активностите на Фондацијата која го продолжува неговото благородно дело.
Еден читател на ДНЕВНИК пред некој ден ме предложи за амбасадор на Република Македонија во Париз (!?). Да видиш, да не веруваш! Фала му и за предлогот и за добронамерноста! Париз многу си го сакам и цел век сонувам за некој подолготраен престој во него (жена ми посебно). Па сепак, не сум сосема сигурен дека би бил особено блескав дипломат. Амбасадорите ги бие глас на луѓе што совршено владеат со умешноста да молчат, а јас пак, еве, јавно признавам, не умеам да си го држам јазикот зад забите. И кога тоа е повеќе од пожелно.
Пред многу години (сѐ уште бевме СФРЈ), бев поканет на една вечера, што во конаците на манастирот Св. Пантелејмон ја приреди тогашниот амбасадор на САД. Во еден момент, среде вечерата, амбасадорот, г. Ворен Зимерман, без каква и да е врска со контекстот, обраќајќи ми се лично мене, гласно се зачуди што во мојата земја универзитетските професори (наспроти политичарите) уживале неверојатно голем углед, додека кај нив (во Америка) практично никој не ги фермал, додека, напротив, политичарите биле на голема цена. Сите погледи се свртеа кон мене. Луѓето знаеја дека сум професор и прашањето го сфатија како некој вид отворена провокација.
– Мислам дека ставот на нашиот народ е поблизок на реалноста, одговорив. За да се стане универзитетски професор треба долг тренинг и посебна дарба. Не знам како е со Американците, но народот кај нас знае дека секој не може да стане универзитетски професор. Напротив, буквално секој будала може да стане политичар!
Целата колумна прочитајте ја на следниот ЛИНК.
***
Сакате да продолжите со читањето на останатите 319 колумни? Обезбедете си примерок!
Оваа колумна е само една 319-те издадени во збирката наречена едноставно „Колумни“. Оваа книга, како и сите останати во издание на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, не се продаваат на „традиционален“ начин. туку се добиваат како благодарност за вашата донација. Финансиските средства обезбедени од донациите ќе бидат употребени за помош при школување и вработување на деца без родители, што е една од стратешките определби на Фондацијата.
Инструкции за нарачување За да ја добиете оваа книга, кликнете на копчето Донирај на следниот ЛИНК и во полето за забелешка наведете ја адресата на која сакате да ви биде доставена книгата. Донирајте износ по Ваш избор во Фондот за школување на Фондацијата Ѓорѓи Марјановиќ, а книгите заедно со автограм од авторот ќе Ви бидат доставени на Вашата домашна адреса. Забелешка: Можете да донирате износ по Ваш избор, но не помал од 1500 ден + поштарина. Поштарината за испорака во Македонија изнесува 130 денари. За испорака надвор од Македонија, контактирајте ја Фондацијата претходно.