ПОЛСКА И ХРВАТСКА НЕМА ДА ПРАЌААТ ВОЈСКА Милановиќ и Дуда одбиваат да учествуваат во воени мисии во Украина

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја повика Хрватска да го зголеми бројот на војници во мисијата на НАТО во Полска и им се заблагодари на нејзините војници за учеството во таа мисија, јави Хрватската радио-телевизија.

324

Полска и Хрватска нема да испратат војска во никаква мисија во Украина, изјави денеска во Загреб хрватскиот претседател Зоран Милановиќ по средбата со полскиот претседател Анджеј Дуда.

– Полска рече дека нема да испрати војска во ниту една хипотетичка мисија во Украина која може многу лесно и многу брзо да се претвори во борбена мисија. Полска очигледно не сака да учествува во тоа, ниту пак Хрватска. Тоа е тема за која секогаш може да се разговара, јас не сум за тоа некои теми да се третираат како табу теми, но сметам дека тоа не е вистинскиот пат – изјави Милановиќ.






Тој го прими полскиот претседател Анджеј Дуда, кој денеска на покана на хрватскиот претседател е во официјална посета на Хрватска.

– Лојални сме на нашите сојузници во НАТО, тоа е врска на посветеност и верност на некој начин преку нашата заедничка припадност со Северноатлантскиот сојуз и Северноатлантскиот договор. А сè надвор од тоа е ладен и непознат свет, особено од перспектива на земја како што е Хрватска, кој го набљудуваме и во кој не можеме премногу да се мешаме – додаде Милановиќ.

На новинарско прашање како да се стави крај на војната во Украина и колку се различни ставовите на двајцата претседатели, Милановиќ одговори дека тие „не се тука за да преговараат или да бараат решение, бидејќи тоа не е во нивниот мандат или моќ, туку да разговараат“.

– За жал, решението нема да биде праведно. Војната во Украина, за жал, нема да заврши на праведен начин бидејќи е нереална и ќе се вратиме во доменот на реалната политика каков што не познаваме во последните триесет години. Но, тоа ќе биде единствениот начин да опстанеме – рече Милановиќ.

Тој ги пофали односите меѓу Полска и Хрватска, двете членки на НАТО и ЕУ и истакна дека секоја година во Хрватска доаѓаат стотици илјади Полјаци.

Полскиот претседател Анджеј Дуда ја повика Хрватска да го зголеми бројот на војници во мисијата на НАТО во Полска и им се заблагодари на нејзините војници за учеството во таа мисија, јави Хрватската радио-телевизија.

Тој исто така рече дека Полска сака војната во Украина да заврши со „праведен и траен мир“ и оцени дека е важно да се зајакнат европските одбранбени капацитети и производство на оружје.

Поврзани содржини