ПОЛИЦИЈАТА ОТКРИ ПАРЦЕЛИ СО КАНАБИС ВО ДЕБАРСКО Сопствениците на стеблата би заработиле 500.000 евра на црниот пазар
Парцелите, како што е соопштено, се наоѓаат во месноста Орман, атар на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија.
Полицијата деновиве откри повеќе парцели насадени со канабис од кој, како што соопштија од МВР, на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу 500.000 евра.
Парцелите, како што е соопштено, се наоѓаат во месноста Орман, атар на дебарското село Спас, во непосредна близина на границата со Република Албанија.
„На парцелите биле засадени околу 500 стебла, од кои на црниот пазар би се добила марихуана во вредност од околу половина милион евра, како и безжични камери и пумпа за третирање на растенија. По насока на Јавен обвинител, дел од стеблата се одземени и предадени за вештачење, додека останатите стебла се уништени. По расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се наведува во соопштението.