ПОЛИЦАЕЦ МУ РАСКАЖАЛ ИСКАЗИ ОД ИСТРАГАТА НА АДВОКАТ НА ОСОМНИЧЕН Ќе одговара за оддавање службена тајна

Споделените податоци се однесувале на дадени искази од притворени лица, како и наредби за приведување на лице, соопшти полицијата. 

0

Полицаец од Прилеп му оддавал доверливи информации на адвокат на осомничено лице. Полицијата му поднесе кривична пријава во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК).

„Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против Б.Т., поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело Оддавање службена тајна. Пријавениот Б.Т., полициски службеник во Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп, на 16.5.2025 година, при извршување службени задачи и преземање полициски овластувања во врска со пријавено кривично дело се стекнал со податоци кои претставуваат службена тајна во предистражна постапка. На 19.05.2025 година, при приватна комуникација преку мобилна апликација, добиените податоци ги споделил на бранител на осомничен во постапката“, соопшти полицијата.






Споделените податоци се однесувале на дадени искази на лица лишени од слобода на кои им била определена мерка притвор, како и податоци во врска со издадени наредби за приведување на лице, се додава во соопштението од полицијата.

Поврзани содржини