Почина бебето кое пред неколку дена беше примено во исклучително тешка состојба на Детската клиника во Скопје, објави А1 он.
Се работи за деветмесечно бебе со само 3 килограми тежина кај кое на почетокот постоеше сомневање дека белодробната слабост му е предизвикана од инфективната болест туберкулоза, но подоцна и се утврдило дека има туберкулоза.
Дететото на Детската клиника во Скопје беше донесено на 24 февруари во тешка состојба, и беше итно префрлено од болницата Козле“. Како итен случај беше сместено во одделот за интензивна нега на детската клиника и беше ставено на машина.
Мајката и неговите браќа и сестри исто така се заболени од туберкулоза.