ДРАМА НА ТЕНИСКИ ТУРНИР ВО МЕМФИС Фаворитката колабираше од жештина, победничката се расплаќа од среќа!?

На 16-годишната Љутова ова ѝ е најголема победа во досегашната кариера и прва на ВТА-турнирите.

0

Драматични сцени го одбележаа тенискиот турнир во Мемфис, САД, каде што првата носителка Екатерина Александрова беше принудена да го предаде мечот против 16-годишната сонародничка Кристина Љутова, откако колабираше поради екстремните горештини.

Во моментот на прекинот резултатот беше 7:6, 4:6, 5:4 во корист на Љутова. Натпреварот се играше на температура од околу 34 Целзиусови степени и веќе беше во третиот час.






Александрова, која е 19. тенисерка на ВТА-листата, во текот на третиот сет беше видно исцрпена и едвај стоеше на нозе. Таа доби и опомена за одолговлекување при сервис, а само неколку моменти подоцна се сруши на теренот.

По укажаната лекарска помош, успеа да стане, но немаше сили да го продолжи мечот и официјално го предаде.

На 16-годишната Љутова ова ѝ е најголема победа во досегашната кариера и прва на ВТА-турнирите. Откако стана јасно дека Александрова нема да може да продолжи, младата Русинка не можеше да ги сокрие емоциите и се расплака од среќа.

Поврзани содржини