Битолското јавно претпријатие „Нискоградба“ после 15 години купи нова градежна машина „HIDROMEK“ и промени две надградби на товарни возила „RENO Master“. Целиот проект чини околу 6.000.000 денари.
Во присуство на претседателот на Советот Бојан Бојкоски и директорите на другите јавни претпријатија, директорот на „Нискоградба“ Зоран Талевски кажа дека и покрај тешката енергетска криза, претпријатието вложува во осовременување на возниот парк.
Како 100-ти купувач на „HIDROMEK“, „Нискоградба“ доби подарок машина за миење на возила од фирмата „СИНПЕКС“.
Со новата машина ќе биде зголемена и ефикасноста во работењето, а со подарокот зголемување на хигиената на механизацијата.