📽️ ПИКСИ СКРШЕН ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО КОЧАНИ Српскиот селектор предлага хуманитарен натпревар со Македонија

Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за во иднина, што се однесува до нашата репрезентација, да одиграме натпревар со нив и секако сето тоа да има некаква поддршка и хуманитарен карактер. По нашите трагедии, уште една голема, но тоа е животот, изјави Стојковиќ.

290

Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси им се обрати на медиумите на прес-конференција во пресрет на натпреварот од плејофот од Лигата на нации против Австрија и пред своите први зборови изрази сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани.

– Пред да ја започнеме конференцијата во врска со претстојниот натпревар, вчера се случи страшна несреќа. Невидена трагедија во Кочани, Сакам да изразам сочувство до народот на Македонија и семејствата на жртвите. Ќе предложам Фудбалскиот сојуз на Србија да стапи во контакт со Фудбалскиот сојуз на Македонија за во иднина, што се однесува до нашата репрезентација, да одиграме натпревар со нив и секако сето тоа да има некаква поддршка и хуманитарен карактер. По нашите трагедии, уште една голема, но тоа е животот – изјави Стојковиќ.






Во трагедијата во Кочани ноќта сабота кон недела животот го загубија 59 лица. Во пожарот во дискотеката повредени се повеќе од 150 млади лица од кои четириесетина се во тешка состојба.

 

Поврзани содржини