ПИЈАН СЕ ЗАКАНУВАЛ СО НОЖ ВО КАЗИНО И БАРАЛ ПАРИ Обид за грабеж среде бел ден во Тетово

По извршен алкотест, се додава во соопштението, било утврдено дека имал 2,49 промили алкохол во крвта.

336

Полицијата во Тетово вчера уапсила 32-годишен маж кој среде бел ден, пијан и со нож, се обидел да изврши кражба во казино.

„На 15.07.2026 во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода К.В.(32) од Тетово поради основи на сомнение дека со закана со нож се обидел да изврши кривично дело ‘разбојништво’, истиот ден во 11:05 часот во казино во Тетово“, соопшти Министерството за внатрешни работи.






По извршен алкотест, се додава во соопштението, било утврдено дека имал 2,49 промили алкохол во крвта.

Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира МВР.

Поврзани содржини