ПЕТ ПОЖАРИ ГОРАТ ВО ДРЖАВАТА Активни огнови кај Шуто Оризари, Дојран и Старо Нагоричане

Центарот за управување со кризи информира дека до пладне се регистрирани седум пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, додека два се изгаснати – ситуацијата останува динамична на неколку локации низ државата.

0

На територија на државата до 12 часот денеска се регистрирани вкупно седум пожари на отворен простор, од кои пет сè уште се активни, додека два се изгаснати, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Од активните пожари, првиот е на територијата на општина Шуто Оризари, кај „Џиди Комерц“, каде гори ѓубре и сува трева. Вториот пожар е во општина Старо Нагоричане, во село Ругинце, каде се зафатени ниска вегетација, стрниште и сува трева.






Активен пожар има и во село Сретеново, општина Дојран, каде гори шума. Четвртиот и петтиот активен пожар се на територија на Велес – покрај автопатот Велес–Штип кај Чолошево, каде гори ниска вегетација и сува трева, како и на градската депонија каде е зафатено ѓубре.

Од изгаснатите пожари, едниот бил во општина Долнени, во село Житоше, во близина на училиштето, каде гореле ниска вегетација и сува трева. Вториот пожар бил во регионот на битолското село Кукуречани, каде горело ѓубре.

Од ЦУК информираат дека состојбата се следи и дека надлежните служби се на терен на критичните локации.

Поврзани содржини