ТАSK FORCE ВО БЈБ, НОВА ОФАНЗИВА ПРОТИВ НАРКО-МРЕЖИТЕ Специјален тим ќе лови дилери и нарко-криминал

Со формирањето на овој специјализиран тим, борбата против недозволената трговија со дрога влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза. Преку системски, координиран и професионален пристап, во функција се ставаат сите расположливи човечки, оперативни и технички капацитети на полицијата, со единствена цел – бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал, соопшти Бирото за јавна безбедност.

0

Денеска (30.06.2026) директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев согласно своите законски надлежности, формираше Работен тим – Task Force, со цел уште поинтензивно, покоординирано и попрецизно детектирање, идентификување, документирање и разбивање на криминалните групи и поединци кои организирано или самостојно се занимаваат со недозволена трговија со дрога, без разлика дали дејствуваат на локално, регионално, национално или меѓународно ниво.

„Со формирањето на овој специјализиран тим, борбата против недозволената трговија со дрога влегува во нова, поенергична и поодлучна фаза. Преку системски, координиран и професионален пристап, во функција се ставаат сите расположливи човечки, оперативни и технички капацитети на полицијата, со единствена цел – бескомпромисна пресметка со оваа форма на криминал“, соопшти Бирото за јавна безбедност.






„Недозволената трговија со дрога претставува една од најсериозните закани за општеството, која не ги загрозува само поединците, туку и семејствата, заедниците и иднината на младите генерации“.

БЈБ порачува дека со овој модел на работа, надлежните служби ќе дејствуваат обединето, координирано и одлучно против секој поединец и секоја криминална група што го загрозува здравјето, безбедноста и иднината на граѓаните.

Воедно, Бирото за јавна безбедност ги повикува сите граѓани да бидат партнери во оваа борба, нагласувајќи дека секоја информација, сознание или пријава може да придонесе во спречувањето на ширењето на овој вид криминал и во создавањето побезбедна иднина.

Поврзани содржини