ПЕНТАГОН ПОТПИША ДОГОВОР ОД 23 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА РАКЕТИ „ТОМАХАВК“ Бара да се забрза производството

Големата нарачка на Пентагон доаѓа во време кога Вашингтон се стреми брзо да го зголеми својот производствен капацитет за критична муниција, поради намалувањето на залихите.

328

Министерството за војна на САД денеска објави дека потпишал договор вреден речиси 23 милијарди долари со компанијата „Рејтеон“ за забрзување на производството на крстосувачките ракети „Томахавк“ за американската морнарица.

Големата нарачка на Пентагон доаѓа во време кога Вашингтон се стреми брзо да го зголеми својот производствен капацитет за критична муниција, поради намалувањето на залихите на ракети и софистицирана муниција што се користи во голем дел во војната со Иран.






Според Центарот за стратешки и меѓународни студии една ракета „Томахавк“ чини околу 2,6 милиони долари.

Тинк-тенкот процени дека американската морнарица поседувала околу 3.100 пред конфликтот со Иран и дека оттогаш се искористени повеќе од 1.000.

Поврзани содржини