ПАДНА ЛИЦЕ БАРАНО ОД ТУРЦИЈА Уапсен 26-годишен Турчин во Визбегово

Во координирана акција на полицијата и обвинителството во Скопје е приведен 26-годишен турски државјанин баран со меѓународна потерница.

0

26-годишен турски државјанин е лишен од слобода во скопско Визбегово, откако бил баран со меѓународна потерница распишана од Турција.

Полициските службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Отсек за меѓународни потраги, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје, го привеле лицето во попладневните часови на 29 април.

По приведувањето, тој бил спроведен пред обвинител, а потоа и пред Основниот кривичен суд во Скопје.

Судот му одредил екстрадициски притвор, по што лицето е спроведено во затворот во Скопје, каде ќе остане до завршување на постапката за екстрадиција.

Поврзани содржини