ОВАА НЕДЕЛА ЌЕ БИДЕ ПЕКОЛНО ТОПЛО Температурите ќе скокнат до 41 степен, па следува пресврт со дожд и грмежи

Сончевото и екстремно топло време ќе се задржи до крајот на неделата, а од четврток попладне на повеќе места ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи.

14

Македонија ја очекуваат уште неколку денови со екстремно високи температури, кои на повеќе места ќе надминат 40 степени Целзиусови, најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Според прогнозата, сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделата, а од четврток во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.






„Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи“, информираат од УХМР.

Според прогнозите, веќе од среда максималните дневни температури ќе достигнуваат до 40 степени, додека за време на викендот во најтоплите делови од земјата се очекуваат и до 41 степен Целзиусов.

Надлежните препорачуваат граѓаните да избегнуваат престој на отворено во најтоплиот дел од денот, да внесуваат доволно течности и да бидат особено внимателни поради зголемениот ризик од топлотен удар и појава на пожари на отворено.

Поврзани содржини