ОВА Е НЕДОЗВОЛИВО, ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА Максим Димитриевски изрази сочувство до семејствата на загинатите во Тетово

Апелирам што побрзо расчистување на случајот и одговорност мора да има. Ова е недозволиво, истакна кумановскиот градоначалник.

3,387

Ова е недозволиво, одговорност мора да има, рече кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, коментирајќи ја несреќата што синоќа се случи во модуларната болница во Тетово.

Тој во изјава за ТВ24 изрази сочувство до семејствата на загинатите во пожарот.






– Многу жалам за тоа што се случи во Тетово, сочувство до сите семејства за загубите. Сите сме трогнати од настанот. Апелирам што побрзо расчистување на случајот и одговорност мора да има. Ова е недозволиво – истакна Димитриевски.

Поврзани содржини