🎥ОПЕРИРАА ПАЦИЕНТ КОГА ЗАТРЕСЕ СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС Погледнете ја реакцијата на јапонските хирурзи

Видеото од 28 јули ја прикажува операционата сала како силно се тресе, а во еден момент силата на земјотресот фрли дел од медицинскиот тим на другата страна од собата.

0

Kамерата за надзор од болница во Кумамото, Јапонија, го сними моментот кога силен земјотрес со јачина од 7,1 степени ја затресе и операционата сала  за време на операција на пациент. Видеото ги прикажува хирурзите како ги користат своите тела за да се спротивстават на земјотресот и да го заштитат пациентот на масата додека сè околу нив се тресеше, а опремата леташе низ собата.

Постапката беше завршена и покрај земјотресот.






Видеото од 28 јули ја прикажува салата како силно се тресе, а во еден момент силата на земјотресот фрли дел од медицинскиот тим на другата страна од собата. Двајца лекари цврсто ја држеа операционата маса за да го заштитат пациентот. Еден член на тимот падна на подот додека се обидуваше да ја обезбеди опремата што се движеше.

Земјотрес го погоди јужниот дел од јапонскиот остров Кјушу попладнето на 28 јули. Триесет и осум лица загинаа, а повеќе од 120 беа повредени. Властите во префектурата Кумамото објавија дека земјотресот предизвикал експлозија во трговски центар и урна оџак од фабрика. Бројни згради се урнаа, илјадници домови останаа без струја, а патиштата низ регионот пукнаа.

Најмалку 79.000 луѓе беа без вода со денови, а 3.500 домаќинства останаа без струја на температури од 35 степени Целзиусови. Околу 9.000 евакуирани жители беа однесени во привремени засолништа.

Потресите беа почувствувани дури до Јужна Кореја.

Поврзани содржини