Одложен за една година приемот на Коби во „Куќата на славните“

165

Церемонијата на која легендата на Лос Анџелес лејкерс, Коби Брајант требаше да влезе во „Куќата на славните“ во НБА, е презакажана за 2021 година. Ова е официјално потврдено на веб-страницата на лигата.

Церемонијата првично беше предвидена за 29-31 август во Спрингфилд.






Брајант во јануари оваа година загина во хеликоптерска несреќа заедно со неговата 13-годишна ќерка и седум други патници.

Кошаркарот играше за Лос Анџелес Лејкерс 20 години и важи за еден од најдобрите играчи во историјата на НБА.

На 4 април беше објавено дека Брајант ќе биде вклучен во „Куќата на славните“ постхумно и една година пред предвиденото. Според правилата, кошаркарите ја добиваат оваа чест не порано од пет години по завршувањето на кариерата. Играчот ги заврши настапите во 2016 година.

Поврзани содржини