ОД СКОПЈЕ ДО ЦЕЛИОТ СВЕТ, 116 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА МАЈКА ТЕРЕЗА Следуваат низа настани посветени на нејзиниот живот и дело

Со положување цвеќе пред спомен-плочата на местото на нејзината родна куќа започна десетдневното одбележување на 116 години од раѓањето на Мајка Тереза.

0

Во Скопје започна одбележувањето на 116-годишнината од раѓањето на Мајка Тереза, со низа настани што ќе се одржуваат во наредните десетина дена.

Одбележувањето започна со положување цвеќе пред спомен-плочата на местото каде што се наоѓала родната куќа на Мајка Тереза, во центарот на Скопје.






Прв цвеќе положи министерот за европски прашања и прв вицепремиер Беким Сали, кој воедно ги предводеше присутните делегации.

– Денес сме тука во близина на старата куќа на Мајка Тереза во центарот на Скопје, таму каде што семејството Бојаџиу имаше една ќерка која ја пренесе пораката на хуманизмот во целиот свет, позната како Мајка Тереза. За нас е гордост како скопјанка, како Албанка и ние имаме обврска да потсетуваме на нејзината дејност и нејзината порака, по која ја знае целиот свет – рече Сали.

Во рамките на одбележувањето во Скопје се предвидени повеќе настани посветени на животот и делото на Мајка Тереза, со цел да се потсети на нејзината хуманитарна работа и пораките за помош, солидарност и грижа за најсиромашните.

Мајка Тереза, родена како Анјеже Гонџе Бојаџиу, е родена на 26 август 1910 година во Скопје. Таа подоцна стана католичка монахиња и основачка на мисионерската организација „Мисионерки на љубовта“.

За својата хуманитарна работа во 1979 година ја доби Нобеловата награда за мир.

Почина на 5 септември 1997 година во Калкута, Индија, а во 2016 година Католичката црква ја прогласи за светица.

Поврзани содржини