ОД 13 АНАЛИЗИРАНИ СЛУЧАИ, ВО 9 УТВРДЕНА СОМНИТЕЛНА ДИЈАГНОСТИКА Што утврдија странците за обвинувањата на Кедев за непотребни операции

Министерот Алиу ги објави анализите на резултатите од странската комисија која ги анализираше сомнежите за непотребни кардиолошки и кардиохируршки интервенции во приватни болници, но не кажа дали странците биле вештаци и дали анализите имаат карактер на вештачења.

0

Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени операции или упатувања за операции, утврдила сомнителни наоди кај 9 од вкупно 13 анализирани предмети.

На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен согласно стандардите на клиничката пракса.

– Од анализираните 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени операции или непотребно упатени за операција, странската Комисија кај четворица пациенти констатираше дека обезбедениот третман во целина бил медицински соодветен, навремен и во согласност со стандарди на клиничка пракса, додека кај девет случаи документацијата укажува на сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација – соопшти на прес-конференцијата министерот Алиу во врска со резулатите на странската Комисија за проверка на сомнителните случаи, на што прв укажа академик Сашко Кедев.

Како пример, рече Алиу, биле посочени несогласувања меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмените извештаи, по што следувале несоодветни индикации за ендоваскуларни или хируршки процедури.

Министерот Алиу најави дека предметите ќе бидат доставени до Владата, како и до Јавното обвинителство и останатите надлежни институции.

Станува збор за случаи од неколку приватни и државни клиники и болници во земјата. 

Поврзани содржини