ОБВИНИТЕЛСТВОТО ДА ИСТРАЖИ ЗОШТО ФИЛИПЧЕ ПРЕМОЛЧЕЛ НАД 400 ИЗВЕШТАИ ЗА ЗАГАДЕНА ВОДА ВО ГОСТИВАР Одговорност за секој што си играл со здравјето на гостиварци
Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и одлучил да молчи и да не превземе ниту еден конкретен чекор, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче и Рената Младеновска со години молчеле и не превзеле никаков чекор, иако знаеле за загадената вода во Гостивар, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Над 400 извештаи за загадена вода им биле доставени, а Филипче и Младеновска со години молчеле. Денес наместо одговорност Филипче се обидува да глуми морален авторитет и да префрлува вина. Гостиварци заслужуваат да знаат зошто Филипче ја имал документацијата за загадената вода, знаел и одлучил да молчи и да не превземе ниту еден конкретен чекор“, се вели во соопштението.
И додека неспособните кадри на Филипче, ДУИ и на Таравари бегаат од одговорност, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ интервенираше за граѓаните во Гостивар да добијат техничка вода и флаширана вода за пиење, се додава во соопштението.
„Додека институциите се справуваат со актуелната состојба во Гостивар, мора да се расчисти и со минатото. Јавното обвинителство да отвори случај и да ги истражи документите кои беа споделени во јавноста. Здравјето на граѓаните во Гостивар не смее да биде предмет на политички игри. Одговорност мора да има за секој што знаел а молчел“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.