НОВИОТ PEUGEOT 408 НАЈПОСAКУВАН НОВ АВТОМОБИЛ Ова се победниците во годинешниот избор на Златно тркало
Најпосакуван семеен автомобил е Toyota Corolla Cross, a најпосакуван премиум автомобил за 2023 година, според Златно тркало, е новиот Alfa Romeo Tonale.
Новиот Peugeot 408 е автомобил кој навистина е неочекуван и несекојдневен. Крши стереотипи и поставува нови правила во автомобилскиот дизајн. Храбар, поинаков и бесрамно самоуверен, новиот 408 беше изборот на 30,62% од гласачите на годинешното издание на Златно тркало во категоријата и заслужено е избран за Најпосакуван нов автомобил во Македонија за 2023 година.
Оваа година гласале 12.875 љубители на автомобилите, во три различни категории.
Во категоријата Најпосакуван семеен автомобил, со 30,49% од освоените гласови, победник е Toyota Corolla Cross.
Докажаниот квалитет на Toyota во комбинација со одличниот хибриден погон, врвната практичност и одличниот тајминг се аргументи кои беа повеќе од доволни за изборот.
Најпосакуван премиум автомобил за 2023 година, според Златно тркало, е новиот Alfa Romeo Tonale.
Toj по многу нешта e прв – прв електрифициран автомобил на Alfa Romeo, а воедно и прв компактен SUV на италијанскиот бренд. Комбинацијата од привлечен дизајн, врвните, добро-познати возни својства како и одличното спортско педигре на италијанскиот бренд го препознаа 35,64% од гласачите во категоријата.