НОВИ ПРАВИЛА ЗА ПРАТКИТЕ ДО 150 ЕВРА ВО ЕВРОПА За нарачките од Тему, Шеин, Алиекспрес се плаќа 3 евра царина
Фиксната такса треба да остане на сила до 1 јули 2028 година како привремена мерка додека ЕУ развива нова дигитална царинска платформа. Откако системот ќе стане оперативен, ќе се применуваат редовни царински давачки, кои ќе зависат од вредноста, потеклото и тарифната класификација на стоката.
Европската Унија денеска го укина ослободувањето од царински давачки за пратки во вредност помала од 150 евра, што значи дека потрошувачите кои купуваат евтина стока од земји надвор од ЕУ ќе плаќаат повисока царина.
Според новите правила, за секоја категорија стока во пратката ќе се наплаќа фиксна царинска давачка од 3 евра.
На пример, пакет што содржи неколку маички ќе се наплаќа единечна такса од 3, додека додавањето играчка ќе значи дополнителна такса од 3 евра.
Иако продавачите или увозниците се законски обврзани да пријават стока и да платат царински давачки, Европската комисија предупредува дека може да го пренесат овој трошок на потрошувачите.
Мерката беше воведена по нагло зголемување на увозот на пратки со ниска вредност во ЕУ. Според податоците од Европската комисија, минатата година во Унијата влегле 5,9 милијарди пратки во вредност помала од 150 евра кои не подлежеле на царински давачки, што одговара на просек од 16 милиони пратки дневно. Повеќе од 90% од тие пратки дошле од Кина, изјави висок функционер на ЕУ.