ЗБОГУВАЊЕ СО ВЛАДО ЈАНЕВСКИ Стотици ја испеаја „Некогаш и негде“ и му оддадоа последна почит
Платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва беше собирното место на кое граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски, кој почина во неделата на 66-годишна возраст.
Платото пред Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје вечерва беше собирното место на кое граѓаните се собраа за да му оддадат последна почит на легендарниот македонски пејач, композитор и текстописец Владо Јаневски, кој почина во неделата на 66-годишна возраст.
Со минута молк и со неговите најубави песни фановите се простија од својот омилен пејач.
Со вклучени светилки на телефоните стотиците присутни направија „ѕвездено небо“ додека заедно го пееја нсјголемиот хит на Јневски, „Некогаш и негде“.
Присуствува и повеќе негови колеги и пријатели, меѓу кои Силви и Влатко Плевнеш, Слаткар, Антониа Гиговска и Роберт, Спасеновски, Лара Иванова, Пајак, Валентино Скендеровски, Стево Чепишевски, Стефан Филиповски, Ѓорѓе Давид…
На комеморативниот настан пред СЦ „Борис Трајковски“, каде што Јаневски го одржа својот последен солистички концерт во февруари годинава, се обрати водителот Марко Марк.
– Јаневски беше исклучителен талент со префинет музички вкус и со еден дистинктивен редок авторски сензибилитет. Создаваше песни што не припаѓаат само на едно време. Припаѓаат на секој што некојпат сака, сакал, чекал, чека, сонувал, сонува и верувал, верува. Тој беше еден од најавтентичните гласови на македонската поп-музика. Од првите чекори, преку историскиот настап како прв претставник на независна Македонија на Евровизија, па сè до последните концерти, остана доследен на себе – достоинствен, ненаметлив и секогаш искрен – рече водителот.
Пред присутните се обрати и Влатко Плевнеш – долгогодишен музичар и член бендот на Владо Јаневски, како и Стево Чепишевски, кој, исто така, соработуваше со пејачот.