🎥 НОВАК ЃОКОВИЌ ЈА ПОКАЖА СВОЈАТА РОМАНТИЧНА СТРАНА Тенискиот ас организираше незаборавна роденденска забава за својата сопруга

Познатиот тенисер ѝ приреди на својата сопруга Јелена спектакуларно и емотивно изненадување за нејзиниот 40-ти роденден кое го воодушеви целото семејство, особено поради пораките што се испишуваа на ноќното небо над Атина.

48

Јелена Ѓоковиќ го прослави својот 40-ти роденден во Атина, а нејзиниот сопруг Новак Ѓоковиќ се погрижи таа засекогаш да го памети денот. Познатиот тенисер подготви романтично изненадување кое ја воодушеви не само славеничката, туку и нивните деца Стефан и Тара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Novak Djokovic (@djokernole)






Додека стоеја на плажа, прегрнувајќи се и гледајќи го ноќното небо, пред нив се одвиваше вистинска светлосна магија. Со помош на дронови, на небото се појави емотивна порака посветена на Јелена: „Среќен роденден. Ти благодариме што си нашиот дом.“

Посебниот момент беше дополнително збогатен со светлечките мотиви со имињата на нивните деца, Стефан и Тара, кои, според објавените снимки, скокаа од радост и со ентузијазам го гледаа спектаклот над нив.

Љубовната приказна на Новак и Јелена Ѓоковиќ трае повеќе од две децении. Многумина се изненадени од фактот дека тие се заедно уште од средношколските денови, кога Новак немал поим дека еден ден ќе стане еден од најдобрите тенисери на сите времиња.

Двојката се сврши во 2013 година и се венча во Свети Стефан во Црна Гора. Нивниот син Стефан се роди неколку месеци подоцна, додека ќерката Тара се роди во септември 2017 година.

Поврзани содржини