📽️ НОВА ЕСКАЛАЦИЈА ВО ЛИБАН, МИРОТ НА КОНЕЦ Дрон погоди тенк, четворица израелски војници загинаа

Во израелските напади во јужен Либан, според локалните медиуми, загинале најмалку 16 лица, додека новите борби дополнително ги усложнуваат напорите за траен договор меѓу Вашингтон и Техеран.

126

Нови судири меѓу Израел и Хезболах ја зголемија неизвесноста околу мировниот процес меѓу САД и Иран. Израелската армија во текот на ноќта гаѓала цели во јужен Либан.

Хезболах, пак, соопшти дека неговите борци уништиле три израелски тенкови и дека судирите се во тек, неколку часа откако либанските државни медиуми објавија дека во израелските напади на југот загинале 4 лица.






Израелските одбранбени сили потврдија дека во нападот на Хезболах загинале 4 израелски војници и ги објавија нивните имиња.  На социјалните мрежи се појави снимка од напад со дрон.

Според либанските медиуми, пак, во нападите на Израел врз цели во Јужен Либан загинале најмалку 16 лица.

Продолжувањето на борбите во Либан може сериозно да го искомплицира новопотпишаниот договор меѓу САД и Иран, кој предвидува деескалација. Договорот предвидува прекин на воените операции на повеќе фронтови, вклучително и во Либан.

Нетанјаху не најавува повлекување

Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, порача дека израелските сили ќе останат во Либан сè додека не бидат отстранети заканите од Хезболах.

Неговата позиција дополнително ги продлабочува разликите со администрацијата во Вашингтон, која последните недели вложува дипломатски напори за стабилизација на регионот.

 

Откажан летот на Ди Венс за Швајцарија

Во меѓувреме, потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, го откажал планираното патување во Швајцарија, каде требало да учествува на разговори поврзани со мировниот процес.

Белата куќа како причина навела логистички проблеми, но одлуката уследила откако иранската делегација го одложила своето доаѓање поради развојот на настаните во Либан.

Вашингтон стравува од нова ескалација

Претседателот на САД, Доналд Трамп, неодамна потпиша мировен меморандум со Иран, кој веднаш стапи во сила и треба да биде основа за поширок договор меѓу двете држави.

Во изјавите по потпишувањето, Венс упати јасна порака до Израел.

– Она што понекогаш го фрустрираше претседателот е што изгледа дека сме на чекор до голем дипломатски пробив, а потоа одеднаш се случува голема експлозија во центар на цивилно население во Бејрут – изјави потпретседателот на САД.

Развојот на ситуацијата во Либан сега се следи со особено внимание во Вашингтон и во Техеран, бидејќи секоја нова ескалација може дополнително да ги искомплицира преговорите за траен мировен договор.

Поврзани содржини