НЛБ ПРЕДУПРЕДУВА НА ЛАЖНИ СМС ПОРАКИ Некој ги злоупотребува името и брендот на банката
Измамниците ги злоупотребуваат името и брендот на НЛБ Банка и преку СМС бараат внесување или потврдување лични податоци. Банката предупредува и потсетува дека никогаш не бара лозинка, ПИН или други доверливи информации преку СМС-линк.
НЛБ Банка предупредува на лажни СМС пораки во кои се злоупотребуваат името и брендот на банката, а од примателите се бара да внесат или потврдат лични податоци преку линк.
Од банката апелираат граѓаните да не отвораат непознати линкови и да не внесуваат лични, картични или податоци за електронско и мобилно банкарство.
„НЛБ никогаш нема да побара од вас лозинка, ПИН или други доверливи податоци преку СМС-линк“, предупредуваат од банката.
Од НЛБ советуваат, пред споделување какви било податоци, граѓаните внимателно да ја проверат пораката и нејзиниот извор, со цел да се заштитат од злоупотреба на личните податоци и финансиски средства.