ДАЛИ ОМИШ ГОРИ ПОРАДИ ЕДЕН ФРЛЕН ОТПУШОК? „Уште мириса, но неверојатно е колку е спасено“
Точната причина за катастрофалниот пожар во Омиш во Хрватска сè уште ја утврдува полицијата. Пожарникарски командир вели дека човечкиот фактор е најчестата причина и посочува фрлен отпушок како една од можностите. Огнот зафати околу 900 хектари, а во пожариштето денеска беше пронајдено и тело.
Човечко невнимание, можеби само еден фрлен отпушок, е меѓу можните причини за катастрофалниот пожар кај Омиш. Точниот одговор сепак треба да го даде полициската истрага.
– Полицијата ќе ја утврди точната причина, но според нашето искуство, најчесто станува збор за фрлен предмет што гори, како што е опушок од цигара – изјави Томислав Ресман, заменик-командант на Јавната противпожарна служба на Загреб.
Како можни причини ги наведе и искрите од далноводи, невнимателното користење скара, како и искри при сечење, брусење или заварување.
„Неверојатно е колку многу е спасено“
Хрватски Индекс пишува дека градот полека се враќа во нормала. Мештаните сè уште се под стрес, пожарот сè уште гори на ридот зафаќајки нови делови, но некои од кафулињата почнуваат да се полнат, а луѓето пливаат на плажата.
Репортер на „Индекс“ од Омиш вели дека е неверојатно колку многу било спасено во ноќните часови и денеска со оглед на силината на пожарот.
Канадерите пак гасеа
Пожарникарските авиони попладнево повторно дејствуваа над пожариштето. Хрватските воздухопловни сили се вклучени во гаснењето, а пожарот од синоќа остави огромна изгорена површина зад себе.
Огнот избувна околу 20.15 часот кај Локва Рогозница. Силниот ветер го турна кон Омиш, а пламените јазици стигнаа до подрачјето над градот и загрозија куќи.
Hrvatska vojska od ranih jutarnjih sati angažirana je na gašenju velikih požara diljem 🇭🇷: tijekom cijelog dana na terenu su protupožarne zrakoplovne snage #HRZ i Obalna straža #HRM❗️
Na području Omiša, Pelješca i Zadra požare gase vojni piloti Hrvatskog ratnog zrakoplovstva s… pic.twitter.com/SxcIofUV0t
— MORH/MoD Croatia 🇭🇷 (@MORH_OSRH) August 14, 2026
900 хектари, запалени беа куќи и автомобили
Пожарот досега зафати околу 900 хектари. Изгореа и беа оштетени куќи, автомобили и други објекти, а дел од жителите и од туристите беа евакуирани.
Меѓу пациентите на респиратор е и 17-годишна малолетничка. Кај дел од најтешко повредените изгорениците зафаќаат од 15 до 60 проценти од телото.
Меѓу повредените има претежно хрватски државјани, но и двајца странци, еден Германец и еден Полјак.
Хрватската полиција денеска околу 13.30 часот пронајде тело на едно лице при увидот на пожариштето во Омиш.