📽️ НЕВОЗМОЖНО Е, А СЕ СЛУЧИ Подолски го донесе трофејот дома на 40 години!

Легендата на полскиот фудбал се врати во клубот од детството и го освои Купот по 38 години. Влезе во 90-та минута и го запали финалето.

0

Една од најубавите спортски приказни викендов ја напиша Лукас Подолски. На 40 години, како капитен на Горњик Забже, го освои Купот на Полска и му донесе прв трофеј на клубот по 38 години.

Финалето заврши 2:0 против Раков, но драмата дојде во самиот финиш. Подолски влезе во 90. минута. Само една минута подоцна се најде во жесток дуел. Напаѓачот на Раков стартуваше врз него одзади, доби директен црвен картон, а на теренот настана хаос.

Подолски избегна повреда. Последниот свиреж донесе ерупција од емоции. Играчите трчаа кон него, а тој падна на колена и заплака.

Подолски се врати во Горњик во 2021 година. Даде збор дека ќе донесе трофеј.

Одигра над 130 натпревари и стана сопственик на дел од клубот. Планира и поголема улога во иднина. Иако оваа сезона речиси и не играше, финалето беше посебно. Последен настап подолг од 20 минути имаше уште во декември.

Полуфиналето го пропушти. Но финалето го дочека како лидер.

– Кога дојдов, им реков дека ќе освоиме нешто. Проклет да е, тоа се случи во мојата последна сезона… Невозможно е. Купот е наш! – изјави Подолски.

По победата им се заблагодари на навивачите, на ветераните и на својата баба, на која ѝ ветил дека ќе се врати со трофеј.

Со триумфот, Горњик се пласира во Лигата на Европа, а останува во игра и за Лигата на шампиони.

 

Поврзани содржини