НЕМА КОЈ ДА ГО ПРЕВЕЗУВА АМЕРИКАНСКИОТ ПРИРОДЕН ГАС ПОРАДИ ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП Бродовите што го превезуваат се кинески или се произведени во Кина

Американскиот институт за нафта (API), кој ги претставува интересите на американскиот нафтен и гасен сектор, минатата недела испрати писмо до секретарот за енергетика и секретарот за внатрешни работи. Во него, API ја предупреди претседателската администрација дека американските производители на LNG едноставно нема да можат да ги исполнат новите барања.

123

Американските извозници на течен природен гас (LNG) ја предупредија администрацијата на Доналд Трамп дека тарифите што ги наметнува на кинеските трговски бродови сериозно ќе ја оштетат индустријата и ќе ја поткопаат политиката на претседателот за „енергетска доминација“ на САД, пишува Фајненшл тајмс (FT).

На 18 април, американската влада објави тарифи за бродови изградени во Кина или во сопственост на кинески компании. Администрацијата на Трамп вели дека овој потег има за цел да ја ослаби доминацијата на Кина во поморскиот сектор, да ги отстрани заканите за американските синџири на снабдување и да ја зголеми побарувачката за бродови произведени во САД.






Американскиот институт за нафта (API), кој ги претставува интересите на американскиот нафтен и гасен сектор, минатата недела испрати писмо до секретарот за енергетика и секретарот за внатрешни работи. Во него, API ја предупреди претседателската администрација дека американските производители на LNG едноставно нема да можат да ги исполнат новите барања.

– Во моментов нема бродови на LNG во САД и нема капацитет на американските бродоградилишта за изградба на танкери до 2029 година- забележува API.

Светскиот совет за превоз проценува дека 98% од трговските бродови што влегуваат во американските пристаништа ќе бидат предмет на новите тарифи. Претходно, претставници на земјоделската индустрија, исто така, изразија загриженост во врска со новите царини на Доналд Трамп.

Поврзани содржини