НЕКОЛКУМИНА ТИРАНИ ГО УНИШТУВААТ СВЕТОТ Папата ги критикуваше лидерите што трошат милијарди за војни
Првиот американски папа во историјата даде остри забелешки за време на посетата на Камерун, откако американскиот претседател Доналд Трамп го нападна на социјалните мрежи.
Папата Лав ги критикуваше светските лидери кои трошат милијарди на војни, велејќи дека светот е „уништен од неколку тирани“.
Првиот американски папа во историјата даде остри забелешки за време на посетата на Камерун, откако американскиот претседател Доналд Трамп го нападна на социјалните мрежи.
Папата ги осуди лидерите кои користат религиозен јазик за да ги оправдаат војните и повика на „решителна промена на насоката“.
– Воените водачи се преправаат дека не знаат дека е потребен само еден момент за уништување, а честопати и повеќе од цел живот за обнова. Тие замижуваат пред фактот дека милијарди долари се трошат за убивање и уништување, додека ресурсите потребни за лекување, образование и реконструкција ги нема никаде – рече папата Лав.
Трамп претходно објави дека папата „треба да се вразуми“ и го нарече „многу слаб“. Во своите последни коментари, папата, сепак, не именуваше конкретни лидери.
Трамп неодамна го нападна папата на социјалната мрежа Трут соушл.
„Тој не е добар во својата работа… слаб е на криминалот и ужасен во надворешната политика. Не сакам папа кој мисли дека е во ред Иран да има нуклеарно оружје. Не сакам папа кој мисли дека е ужасно што Америка ја нападна Венецуела…“
Трамп, исто така, сподели слика од себе генерирана со вештачка интелигенција како Исус Христос, но подоцна ја избриша објавата. Тој тврдеше дека сликата го прикажува „како доктор кој ги прави луѓето подобри“.
Папатаги отфрли нападите на Трамп и рече дека нема да влегува во политички конфликти.
– Нема да влегувам во расправии. Она што го кажувам не е напад врз никого. Пораката на Евангелието е јасна: „Блажени се миротворците“ – изјави тој и додаде дека не се плаши од администрацијата на Трамп и дека ќе продолжи да се залага за мир и дијалог.
Папата во последните денови постојано предупредуваше за „заблудата за семоќ“ што ја поттикнува војната и ги осуди нападите врз инфраструктурата и цивилите.