НЕ СМЕ ПОРАСНАЛЕ НА ШПАРГЛИ, АМА МОЖЕ ДА ГИ ПОРАСНЕМЕ НОВИТЕ ГЕНЕРАЦИИ Еве зошто треба да го вклучите овој зеленчук во вашето редовно мени
Иако е факт дека кај нас не се многу познати, а ние сме пораснале на пиперки и домати, а не на шпаргли, не значи дека треба од овој здрав зеленчук да ги лишиме нашите деца и внуци. Особено ако се земе предвид дека одлично виреe и кај нас.
Шпарглата е многу стара лековита билка, но кај нас не е многу позната. Најчесто се користи како исклучително благороден зеленчук, па иако е факт дека ние не сме пораснале на шпаргли, туку на пиперки и домати, не значи дека треба од овој здрав зеленчук да ги лишиме нашите деца и внуци.
Особено ако се земе предвид дека таа одлично вирее и кај нас. Ја нема многу па затоа е сѐ уште скап зеленчук, но никој не ви брани да си го одгледате и сами.
Ја нарекуваат кралица на пролетниот зеленчук, а еве ги сите нејзини здравствени придобивки и хранливи вредности.
Кои вредни состојки ни ги обезбедува шпарглата?
Шпарглата е исклучително здрав зеленчук. Се состои од 93% вода, околу 2% протеини, околу 4% јаглехидрати и само 0,2% масти и има само 18 калории на 100 г.
Сепак, најмногу ја цениме поради количината на вредни витамини и минерали што ги содржи.